Skip to main content

Шолц ќе го посети местото на нападот во Магдебург

Германскиот канцелар Олаф Шолц и други политичари денеска ќе го посетат местото на крвавиот напад со автомобил во Магдебург што ги таргетираше посетителите на божиќниот саем во стариот пазар на градот.

Полицијата уапси 50-годишен лекар од Саудиска Арабија на местото на нападот во кој загинаа две лица, а 68 се повредени кога џип влета во празничната толпа во Магдебург вчера вечерта.

Засега полицијата не е сигурна дали нападот можеби бил инспириран од исламисти или поврзан со психолошки проблеми на напаѓачот.

Мотивите засега остануваат нејасни, пишува Шпигел. 

Нападот се случи речиси осум години до денот откако Германија го претрпе најсмртоносниот напад на џихадистите досега, кога Тунижанец влета со камион на божиќниот пазар во Берлин, при што загинаа 13 лица.

Ниту една екстремистичка група не ја презеде одговорноста за најновиот напад. 

Поврзани вести