
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска (2 јули) во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во утринските часови по одделни котлини е можна појава на магла, додека попладне се очекува нестабилност проследена со локален дожд и грмежи.
Според прогнозата, на повеќе места се можни поинтензивни атмосферски процеси со пороен дожд над 15 литри на квадратен метар, силни грмежи, засилен ветер со брзина над 60 километри на час, како и краткотрајно невреме проследено со појава на град.
Дневната температура ќе се движи во интервал од 14 до 35 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во одделни делови од Скопската Котлина постојат услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и локална појава на град.

Македонски


