Жители на сините зони, региони во светот каде луѓето живеат подолго и поздраво, имаат едноставен, но ефикасен рецепт за долговечност – се’ започнува со појадокот.
И додека нивниот начин на живот вклучува ограничување на калориите, исхрана базирана на растенија и акцент на семејните вредности, едно правило се издвои како особено лесно за имплементирање: секојдневно уживање во чинија овесна каша.
Грција, Костарика и Јапонија се дел од сините зони. Жителите на овие делови на светот имаат десет пати поголема веројатност да доживеат сто години од просечниот жител на САД. Овие региони се познати по здравиот начин на живот и едноставните, но хранливи оброци кои придонесуваат за долговечност. Според истражувањата, еден од најчестите појадок во овие региони е овесната каша.
Таа е богата со хранливи материи и антиоксиданси и содржи бета-глукан, растворливи влакна за кои експертите велат дека може да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Бета-глуканот помага да се спречи апсорпцијата на холестеролот од храната, го стимулира имунолошкиот систем, помага во спречување на инфекции, го поддржува здравјето на срцето и го одржува стабилното ниво на шеќер во крвта.
Раното будење и пиењето вода е многу важно
Според нутриционистите, овесната каша е одличен избор за појадок. Покрај тоа што е богата со растворливи влакна, тие лесно може да се прилагодат на различни вкусови. Додадете овошје, јаткасти плодови или семки за дополнително ќе ја збогатите нивната хранлива вредност.
Покрај хранлив појадок, утринската рутина на жителите на сините зони вклучува рано будење, прошетки, пиење многу вода и сок од сливи.
Овесната каша можеби не е магична храна за бесмртност, но нејзината хранлива вредност и едноставноста ја прават совршен избор за појадок. Ако сакате да направите мали промени кои би можеле да донесат големи здравствени придобивки, зошто да не започнете со овој здрав оброк?