Skip to main content
y1D5hhes4Gc
Д-Р ЗЛАТЕ МЕХМЕДОВИЌ, ДИРЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Кај некои пациенти повредени во пожарот во Кочани рехабилитацијата може да трае со години

Се уште не се знае точниот број на пациенти кои настрадаа во пожарот во Кочани на 16 март кои треба да бидат згрижени на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, бидејќи оперативниот план за начинот на кој пациентите ќе бидат примени во болница за рехабилитација, зависи од состојбата на пациентот.

Во овој момент нема хоспитализирано ниту еден пациент, ниту пак има амбулантски третман.

На 16 март во пожар во дискотека „Пулс“ во Кочани која работела со фалскификувана лиценца, загиаа 61 лице од кои 6 деца, а околу 200 лица од кои 25 деца беа повредени. Стотина се лекуваа во болницте во државата, а на лекување во странство беа испратени 116 пациенти. Според последните информации од Министерството за здравство во моментот се лекуваат 48 пациенти надвор од државата. Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски” три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница ,,Систина”. Во ГОБ “8 Септември” еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување.

По враќањето на пациените од странските установи следи период на рехабилитација, која за некои пациенти ќе биде кратка, но за некои ќе биде долга и може да трае со години, вели во интервју за „Република“ д-р Злате Мехмедовиќ, диретор на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација.

Рехабилитацијата во одредени услови и одредени случаи може да биде дадена во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје, претпоставувувам потешките случаи ќе бидат на Клиниката за физикална медицина и рехабилтација, а оние најлесните, кои ќе можат и амбулантски да се лекуваат ќе бидат третирани во Кочани и во Клиничката болница во Штип, вели д-р Мехмедовиќ.

Во моментов се уште нема повредени пациенти од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани на Клиниката и д-р Мехемдовиќ очекува првите пациенти да пристигнат најмалку за две недели, односно кога нивната состојба ќе биде целосно стабилизирана, за да може да се почне со рехабилитацијата.


За капацитетот на Клиниката за физикална медицина и рехабилтацијата, дали има доволоно кадар, прострор и опрема, д-р Мехедовиќ смета дека Клиниката може да ги задоволи потребите и во една ваква невообичаена кризна ситуација.

Најголем број од повредините во пожарот во дискотеката „Пулс“ се во делот на лицето, вратот и на рацете. Имаат и повреди на респираторниот систем, односно на дишните патиша и токму поради ваквиот вид на повреди, рехабилитацијата ќе биде насочена кон овие системи и органи.

Кардио-респираторната рехабилитација ќе биде една од најголемите предизивици веројатно со којашто ќе се соочиме во периодот кој следи, вели д-р Мехмедовиќ.

Во однос на тоа колку време ќе трае рехабилтацијата, ќе зависи од повредата на пациентот. Кај одредени пациенти ќе нема потреба од подолготрајна рехабилитација поради тоа што и обемот на повредите не е многу голем. Но, меѓутоа кај пациенти кај кои има формирано контрактури и нарушување на мускулно-скелетниот систем или пак сериозни повреди на кардио-респираторниот систем, рехабилитацијата ќе трае подолго и тоа во неколку циклуси.

За координацијата со другите здравствени институции д-р Мехмедовиќ вели дека се во постојана комуникација со останатите установи и во текот на изминатиот период докторите и физиотерапевтите од Клиниката за физикална медицина и рехабилитација ги посетувале Клиниките каде што се хоспитализиарани пациентите.

Таа комуникација ќе продолжи во хроничниот период на рехабилитацијата, затоа што тоа е исклучитечно тежок период, особено од аспект на тоа што може да се јават и секундарни инфекции и затоа ќе мора многу внимателно да се работи во делот на превенција и контрола на инфекциите. Ќе останеме во комуникација со нашите колеги од останатите клинички центри за да ги следиме и понатаму за да немаат компликации, особено кај пациентите кои веќе имаат трансплантирано графтови на кожа, вели д-р Мехедовиќ.

Психолошката рехабилитација е многу важна во вакви случаи и д-р Мехмедовиќ смета дека таа не треба да се оддели од биолошката рехабилитација. Во периодот кој следи, особено кај овие пациенти кои беа повредени во Кочани психолошката поддршка е исклучително потребна. Не смееме да дозволиме овие деца да останат без психолошка поддршка, додава д-р Мехмедовиќ.

Рехабилитацијата е еден од трите основни столба во здравствениот систем и за жал, не ги задоволува потребите на граѓаните во Македонија. Околу 2,7 милијарди граѓани на овој свет имаат потреба од рехабилитација, тоа значи дека секој трет човек. Ако го преведеме тоа кај нас во македонски услови, тоа значи дека секој трет граѓанин на нашата држава има потреба од рехабилитација. Најминиманлната бројка се сведува на околу 600 илјади граѓани. Оваа институција во текот на 12-месечно работење може да опслужи меѓу 15-20 илјади граѓани. Земете ги во предвид и сите останати институциикои даваат вакви услуги, а се многу помали и во капацитет и во услуги од Клиниката, таа бројка нема да стигне ни приближно до 40 илјади. Значи, останува огромна празнина којашто треба да се пополни.

Д-р Мехмедовиќ: Психолошката рехабилитација е многу важна во вакви случаи и не треба да се оддели од биолошката рехабилитација / фото: Александар Ивановски

Веќе разговаварме со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) како да ги зголемиме капцитетите, има одличен слух, волја и разбирање проблемите да се решат. Јасно ни е дека со решавањето на недостаток на рехабилитација не го рашаваме само здравствениот статус на поединецот, туку го решаваме и системот во целост, затоа што тоа значи рехабилитација и на работоспосбно население, а не само на население кое е во трето доба и пензионирано население, вели д-р Мехмедовиќ.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото и видео: Александар Ивановски

Монтажа: Александар Арсовски

Поврзани вести