Skip to main content

Физитотерапевти од Клиниката за рехабилитација во Козле и ГОБ „8 Септември“ ќе одат во болницата да им помогнат на повредените од пожарот во Кочани

МИА

Ќе се зголемат посетите на докторите од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во болницата во Кочани, кажа денеска директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

Тој информираше дека физијатри и физитотерапевти од Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Козле и од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје од следната недела ќе почнат да одат во Кочани да им помагаат на кочанските физиотерапевти, за да не се носат повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во овие две болници.

На 16 март, во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ која работела со фалскификувана лиценца, загинаа 62 лица, од кои шест малолетници, а 193 беа повредени, од кои 25 деца. Вкупно 116 пациенти беа испратени на лекување во странство. Најголем дел од нив веќе се вратени дома. Во меѓувреме здравствените власти направија евалуација на пациентите од страна на доктори од КАРИЛ, ГОБ „8 Септември“, Клиниката за хируршки болести ‘Св. Наум Охридски’ и од Клиниките за пластична хирургија и токсикологија за да се знае кој и како ќе продолжи со лекувањето по отпуштањето од болницте.

„Има дел од пациенти што не сакаат да се лекуваат во Македонија, кои сакаат да го продолжат лекување во странство. Конкретно во Бугарија, станува збор за неколку пациенти од Болницата ‘Пирогов’ кои сакаат да го продолжат својот третман таму . Ние сме во комуникација со ‘Пирогов’, за да расчистиме, разјасниме неколку детали за понатамашониот третман. Немамее законски или други проблем за да бидат третирани таму каде што започнало лекувањето. Морам да истакнам дека еден од потешко повредените кој беше на лекување во ‘Пирогов’ одлучи да се лекува на Клиниката за пластична хирругија и после 2-3 недели има подобрување“, рече Клековски.

Директорот на Фондот за здравство најави и дека пред десет дена е одобрен буџет за Клиниката во Козле да набави робот за горни екстремитети и за набавка на педијатриски додатоци за роботот кој веќе се користи за третман на долни екстремитети.

Поврзани вести