Skip to main content

Дали е добро да пиете кафе кога имате настинка?

Топлите напитоци, како што е чајот од билки, често се користат за ублажување на симптомите на настинка и грип, обезбедувајќи и физичко и емоционално олеснување. Меѓутоа, се поставува прашањето дали кафето го има истиот ефект кога се во прашање респираторните проблеми.

Кафето е исто така топол пијалак, но неговата топлина не е доволна за овој напиток да го направи вистинскиот избор кога сме болни, а постојат и низа причини зашто.

Кај респираторните заболувања повеќе помагаат похидрантните пијалаци како што се водата, топлите чаеви од билки и топлата супа, кои одржуваат добро ниво на хидратација во текот на настинката.

Зошто не е добро да се пие кафе при имате настинка или грип:

Кога сме болни, на телото му треба одмор.

Природната стимулација која ја дава кофеинот може да биде контрапродуктивна за време на настинка или грип.

Имено, кога сме болни, одморот е пресуден за закрепнувањето, а кафето може да го отежне сонот, кој е неопходно за регенерација на организмот.

Кафето може да доведе до дехидратација

Кофеинот има благо диуретично дејство, па може да дојде до дехидратација, но тоа не е секогаш случај. Неодамнешните истражувања покажуваат дека кај луѓето кои редовно пијат умерено количество кафе нема да дојде до дехидратација.

Наместо тоа, кај луѓе кои не се навикнати на кофеин, прекумерното консумирање може да доведе до блага дехидратација поради нејзиното диуретично дејство.

Значи, доколку вообичаено не пиете кафе, не е добра идеја да испиете голема шолја кафе кога имате настинка или грип.

Наместо тоа, важно е да се консумира вода за да се хидрира телото. Доколку поради болеста повраќате или имате дијареа, уште поважно е да се фокусирате на соодветната хидратација.

Може да предизвика стомачни проблеми

Освен што ја стимулира дигестијата, кафето кај некои луѓе може да предизвика и стомачни проблеми.

Некои инфекции, особено грипот, можат да предизвикаат гастроинтестинални симптоми, а оптоварувањето на целиот систем, од желудникот до цревата, не е добра идеја“ објаснува Суан Хасиг, вонреден професор по епидемиологија на Универзитетот Тулан во Њу Орлеанс.

Кофеинот може да го засили дејството на стимулансите како што е псеудоефедрин, кој често се користи за ублажување на симптомите на настинка и грип.

Исто така, може да стапи во интеракција со антибиотиците кои мора да ги користите доколку имате бактериска инфекција.

И покрај тоа што не мора целосно да престанете со консумирање кафе кога сте болни, добро би било доколку ја намалите количината на кофеин кој го консумирате во овој период.

Инаку, нема ништо лошо во една шолја кафе, особено во првата половина од денот, бидејќи може да помогне во превенцијата на главоболките и да не поттикне да бидеме активни, вели Хасиг.

„Многу е важно секогаш да одржувате добро ниво на хидратација, особено кога сте болни, а најпогодни се обичната вода и природните сокови“ додава Хасиг.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortistanbul escort