Skip to main content

Утре привремено затворен мостот „Близнак“ – еве што треба да знаат возачите

Мостот „Близнак“ утре, привремено ќе биде затворен за сообраќај поради изведба на работи.

Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека активностите ќе се одвиваат на потегот од крстосницата со улица „Индустриска“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“, во периодот меѓу 13:00 – 15:00 часот. 

Поради изведбата на работите, за сообраќај привремено ќе бидат затворени двете коловозни ленти, а местото ќе биде соодветно обележано со сообраќајна сигнализација.

Од претпријатието апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат внимателни и трпеливи до завршување на активностите.

Извор: skopjeinfo.mk