Skip to main content
Вештачка интелигенција станува студент

Вештачката интелигенција „Флин“ се запишала како студент на Универзитетот во Виена

alexandra_koch-from-pixabay

Како што објави „Еуроњуз“, вештачката интелигенција по име „Флин“ е официјално прифатена во програмата за дигитални уметности на Универзитетот за применети уметности во Виена.

„Флин“ ќе посетува настава, ќе добива оценки и ќе учествува во дискусии заедно со вистински студенти.

„Флин“ поминал низ стандардниот процес на прием – портфолио, интервју и тест за способност. Од универзитетот изјавиле дека едноставно нема забрана за предавање на вештачка интелигенција, а работата и одговорите на „Флин“ биле на потребното ниво.

Поврзани вести