Skip to main content

SHIFT2GAMES – платформа за насочување кон гејминг индустријата комплетно преведена на македонски јазик

Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ како партнер ја презема локализацијата на платформата Shift2Games на македонски јазик на целата содржина на страницата, каде што може да се најдат детални описи на 50 различни позиции во индустријата за развој на игри, со многу информативни ресурси и совети за сите оние кои својата кариера ја бараат во доменот за создавање видео игри. Платформата е наменета за студенти, млади професионалци, средношколци, па дури и родители кои се вклучени во кариерната ориентација на своите деца.

Платформата беше лансирана пролетта 2023 година на српски јазик, а оттогаш под нејзино покровителство се реализираат настаните Денови на кариера, кои досега се одржуваа во Нови Сад, Белград, Ниш и Нови Пазар. На овие настани, публиката може да слушне инспиративни и информативни предавања за тоа како е да се работи во индустријата за игри, но и директно да разговара со луѓе од локални компании за гејминг, како и со искусни арт директори.

Со поддршка на проектот RECONOMY, како и партнерите MGI и Албанската заедница за игри, Shift2games сега е достапен на 4 јазици: српски, англиски, македонски и албански, со дополнителна „универзална“ верзија на BHS што може да се користи од заинтересираните од целиот регион. Новиот сајт ќе биде официјално претставен на овој настан, кој е последен од низата регионални собири што ги организиравме оваа година.

Како и сите претходни настани (Сараево, Тирана, Пераст), така и овој настан претставува сплет од два интересни SGA проекти – Playing Narratives и Shift2Games, од кои секој на свој начин е наменет за студенти и млади професионалци кои сакаат професионално да се вклучат во развој на игри. Тројца предавачи кои доаѓаат од Србија и Македонија ќе разгледаат различни аспекти за тоа како е да се работи во индустријата за игри и како изгледаат некои од позициите и процесите:

• Милан Личина, професор на Универзитетот Метрополитен во Белград
• Милица Тодоровиќ, продуцент, Ubisoft Белград
• Иван Саздовски, инженер за QA и Compliance Officer, Sindex

Бидејќи менторската програма Playing Narratives оваа година имаше тема за климатските промени, Марјана Бркиќ, која го води нивниот меѓународен проект Climate Europe 2, исто така ќе и се обрати на публиката, а по завршувањето на програмата, придружете ни се на забавата за вмрежување и погледнете ја интригантната поставка презентирана од нашите партнери од CPN. Овој настан е втора официјална посета на SGA на Македонија, каде повторно се дружиме со гејминг заедница, околу една година по нашата претходна средба. МГИ е еден од блиски партнери на SGA, со кои одржуваме контакти и се трудиме што почесто да организираме заеднички активности. Посебна благодарност до Base42 за гостопримството, како и DJ Gameover – за музичкиот избор, велат од Македонската асоцијација.