Skip to main content

За први мај традционално ќе врне

Од вторник до крајот на седмицата следува период на променливо облачно време, со повремен локален дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Дожд се предвидува и за први мај.

Според прогнозата на УХМР, во вторник ќе има изолирана, а в среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

-Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање, информира УХМР.

Поврзани вести