Skip to main content

Во недела посебен режим на сообраќај на Водно

МВР

СВР Скопје ги известува граѓаните дека во недела со почеток од 10.00 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информира МВР.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Поврзани вести