Skip to main content

Утрово во Берово измерени -4 степени

Во Берово утрово се измерени -4 степени, во Битола нила, еден степен во Демир Капија и Струмица, три во Тетово и Велес, четири во Крива Паланка, Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци и Гевгелија, шест во Скопје, девет степени во Крушево, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Поврзани вести