
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија утрово од АМСМ.
Во утринскиот извештај оттаму додаваат дека се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, а времето е на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според камерите кои пренесуваат во живо од македонските граници, на „Богородица“ сè уште има гужва.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.