
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -7 до 4, додека преку ден ќе биде од 5 до 12.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Следува период на стабилно, ветровито и потопло време со утрински температури кои до среда на повеќе места ќе бидат негативни, а во деновите потоа во постепен пораст, соопшти УХМР.
Од четврток, минималните утрински температури ќе се движат во интервал од -2 до 9, а максималните дневни од 9 до 24 степени.