
Сончево и топло време со температури до 37 степени Целзиусови нè очекува во поголем дел од земјата, но на места ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат метеоролозите.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 14 степени во Берово до 21 степен во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 31 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од 21 до 37 степени.
Топлото време ќе продолжи и во среда. Според прогнозата, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени.
Слично време се очекува и во четврток. УХМР прогнозира сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а наместа повторно ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималните температури ќе бидат од 12 до 20 степени, а максималните дневни од 29 до 36 степени.

Македонски


