Skip to main content

Сончево и топло време со температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Температурите ќе бидат во интервал од 10 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 13 до 33 степени.

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во четврток и во петок.

Поврзани вести