
Големиот одрон кој што синоќа се случи на автопатот Скопје – Велес е расчистен, а сообраќајот е нормализиран и се одвива по двете сообраќајни ленти, информираат утрово од Јавното претпријатие „Македонија пат“ откако нивните екипи цела вечер работеа на терен на овој патен правец.
Синоќа сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента поради поголем одрон во должина од 80 метри, па поради тоа од претпријатието апелираа на зголемена внимателност при движењето на овој патен правец.
„Сите патни правци се проодни. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози“, се вели во соопштението од „Македонија пат“.
Сепак, се предупредува дека на одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони.
Се апелира на внимателно управување со возилата, почитувањее на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонски



