Skip to main content

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Поради одржување на улична трка во Скопје сообраќајот ќе се одвива со посебен режим, почнувајќи од 8.30 до 10.30 часот. Како што информираат од СВР Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“ – локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по булевар „Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз кон н.Ѓорче Петров) до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација-Фонтана на бул.„Илинден“, стои во соопштението на МВР.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Поврзани вести