
Според годинешниот календар на католичката црква утре, 5-ти април, е празникот на Христовото воскресение, најголемиот христијански празник Велигден.
По тој повод за припадниците на католичката вероисповед во Република Македонија, понеделник е неработен ден.
Велигден, односно Пасха (Πάσχα), е празник на Воскресението на Господ Исус Христос.
Пасха како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на еврејскиот pesach, со значење Премин.
Велигден е Пасха Господова и Ден на нашето спасение. Затоа Воскресението Христово е Празник над празниците, Торжество над торжествата и Слава на Бога Воскреснатиот.
За верниците, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и поучување.

Македонски


