Skip to main content

Од утре до сабота претежно облачно со врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток кога ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар за 24 часа. Стабилизирање на времето се очекува од недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, се посочува во соопштението, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.

И во Скопје, до сабота времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината повремено врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар за 24 часа

Поврзани вести