Краен рок за замена на регистарските таблички со нови со ознака НМК е до крајот на годината, потсетува Министерството за внатрешни работи.
Тоа значи регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите да се стави налепница со национална ознака НМК до 31.12.2024 година, информира МВР.
Оттаму посочуваат дека налепниците може да се обезбедат бесплатно во сите станици за технички преглед.