
Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 70 km/h), особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h), особено долж Повардарието и во источните делови. Во деновите потоа времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.