Skip to main content

Без вода дел од Центар

Од 09:45 часот без вода се корисниците на дел од улицата „Владимир Полежановски“ и улицата „Христо Смирненски“ во општина Центар, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекинот е поради уличен дефект на улицата „Владимир Полежановски 30“ во населбата Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Поврзани вести