Skip to main content

Жизел Бундшен роди трето дете на 44 години

Супермоделот Жизел Бундшен го роди своето трето дете, објави порталот „Ти-Ем-Зи“. Бебето е машко, а средното име му е Ривер.

Ова е прво дете на 44-годишната манекенка со нејзиното момче, фитнес инструкторот Хоаким Валенте (37). Бундшен пред три години се разведе од фудбалската ѕвезда Том Брејди, со кого има 15-годишен син и 12-годишна ќерка.

Бундшен – која се забавува со Валенте од јуни 2023 година – се омажи за Брејди во февруари 2009 година и се разведе од квотербекот во октомври 2022 година. Таа првпат беше поврзана со Валенте еден месец по нејзиниот развод, кога беше принудена да ги негира гласините дека го изневерувала Брејди со џиу-џицу инструктор. Сепак, нивната врска не беше официјално потврдена до февруари 2024 година.