Skip to main content

Во Белград одржана традиционалната „Охридска вечер“

Вчеравечер во Белград, Србија се одржа традиционалната „Охридска вечер“, настан посветен на промоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставници на туристичкиот сектор од регионот.

Особена чест ми е што на оваа свеченост ми беше доделена специјална повелба од страна на Балканска алијанса на хотелски асоцијации (BAHA), како признание за гостопримството, соработката и придонесот во развојот на туризмот на Балканот, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

‎„Охридската вечер“ е дел од промотивните активности на Општина Охрид во рамки на 47-то издание на Меѓународниот саем за туризам во Белград и важна можност за нови контакти и унапредување на туристичката соработка.

Поврзани вести