Skip to main content

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници организира бесплатен разглед на градот Скопје

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Ве поканува да се придружите на  одбележување на меѓународниот Ден на туристички водичи.

Во сабота, 21 февруари, со почеток во 12 часот пред спомен куќата на мајка Тереза, улица Македонија. Асоцијацијата четврта година по ред го одбележува овој ден со бесплатен разглед на градот Скопје.

Ден посветен на луѓето кои ги раскажуваат приказните на градовите, ја чуваат и негуваат културата, историјата,традицијата и го доближуваат светот до посетителите.

Дојдете заедно да ја прославиме професијата што ги поврзува луѓето, културите и приказните!

Сите сте добредојдени!

Поврзани вести