Skip to main content

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод светскиот ден на туристички водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници на 22.02.25 во сабота со почеток во 12 и 13 часот пред Спомен куќата на мајка Тереза ќе организира бесплатен разглед на градот Скопје, информираат од асоцијацијата.

Исто така, бесплатен разглед ќе се организира во градот Битола со почеток во 11 часот пред Музејот и 12 часот кај Саат кулата.

Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје и Битола може да присуствуваат.

Во сабота Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи, велат од Македонската асоцијација на туристички водичи и продружници.