Skip to main content

Бебе се роди на лет од Дакар до Брисел

На летот на „Бриселс ерлајнс“ од сенегалскиот главен град Дакар до Брисел, патничка родила девојче, соопштија од авиокомпанијата.

Жената, која била во 32-та недела од бременоста, набргу по полетувањето почувствувала силна болка во долниот дел на стомакот и побарала помош од екипажот во кабината. За среќа, меѓу патниците имало и лекар и медицинска сестра кои им помогнале на патниците.

Пилотот го свртел авионот, но набргу потоа на патничката и пукнал водниот меур и почнало породувањето.

За среќа, се помина без проблеми. Жената беше добро. „Таа се породи во авион без лекови против болки“, додала медицинската сестра. Се роди девојче по име Фанта.

Авиокомпанијата на социјалните мрежи објави фотографија од среќна стјуардеса со новороденче во рацете, а мајката на девојчето лежи до неа.

Поврзани вести