
На 19, јуни (четврток) во периодото од 19:00 до 00:00 часот, во елегантниот „Рагуза 360 руфтоп, во Скопје, ќе се одржи седмото издание на „Вино на штикли“.
Организагорите најавуваат вечер исполнета со магијата на виното, пријатната атмосфера на живата џез музика и врвната гастрономија, каде што секој детал е внимателно осмислен за да ви понуди незаборавно искуство. И оваа година, „Вино на штикли“ ќе ги собере најдобрите македонски и странски винарии, кои со гордост ќе ги претстават своите најелегантни вина, подготвени да ги разгалат вашите сетила.
Вашето винско патување ќе биде надополнето со елегантни модни нијанси, врвни гастрономски деликатеси и музички ноти, кои совршено ќе ги надополнат аромите и вкусовите на над 200 вина од 30 македонски и странски винарии.
Влезницата за „Вино на штикли“ чини 1.200 денари и овозможува неограничена дегустација на сите вина, во атмосфера каква што само „Рагуза 360 руфтоп“ може да понуди – пријатна, релаксирана и со поглед што го одзема здивот.
Бројот на влезници е ограничен, а интересот е голем, затоа осигурете си го вашето место навреме преку онлајн купување. За оние што ќе се одлучат во последен момент, влезници ќе бидат достапни и на самиот настан по цена од 1.500 денари. Ова е вечер што не се пропушта – создадена за љубителите на виното, модата и музиката.
Запомнете, со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај“, велат организатгорите на овој елегантно случување.