Skip to main content

Изложба што ја слави уметноста на рачната изработка – „Мода и занаети“

Моден викенд Скопје

Во рамки на Моден викенд Скопје беше отворена изложбата „Мода и занаети“. Кураторски осмислена како омаж на македонската ракотворна традиција и современиот дизајн, изложбата ги претстави резултатите од креативни работилници и го продлабочи дијалогот меѓу дизајнерите и занаетчиите.

фото: Моден викенд Скопје

Изложбата претстави уникатна колекција на идеи што „размислуваат со раце“, обединувајќи традиција, уметност и современ дизајн во едно инспиративно визуелно искуство, каде секој изложен предмет носи своја приказна и ракопис на авторот ,меѓу претставените креации се издвојуваат делата на Стефанија Насеска со корсет и здолниште инспирирани од „Златната маска од Требеништа“ комбинирани со рачно ткаена кошула од „Народни носии“, Никола Булески со бел фустан што симболизира реупотреба изработен од внатрешни материјали на вратоврски и украсен со рачно сликање и панделки, Никола Ефтимов со рачно насликан корсет во комбинација со рачно ткаена памучна кошула од „Народни носии“, Силвија Михајловска (Алшар) во соработка со уметницата Марија Таировска (Marcy’s Handmade) со фустан украсен со рачно изработен накит, Буба Мешкова Солак со рачно насликана кошула и торба, Олгица Ѓорѓиева со капут и детали за коса изработени од дрвени шноли (Esnaf), Ирина Тошева и „Народни носии“ со торба создадена од рециклирани материјали и мотиви инспирирани од македонското ткаење, Esnaf со современа торба направена од јамболија и Снежана Ефковска со комплет инспириран од тетовската традиција и збогатен со рачно везени детали.

фото: Моден викенд Скопје


Изложбата ја слави уметноста на рачната изработка и ја нагласува нејзината вредност како мост меѓу минатото и современото творештво, покажувајќи дека занаетчиството и креативноста остануваат суштински дел од културниот идентитет.


Арт-инсталациите „Кукли“ беа изработени со златните раце на занаетчијата Муврет Вишко од Macrame MK by M. Vishko.

Поврзани вести