Skip to main content
Мастреклас на Винодонија за правилното комбинирање на вино со храна

Вино + храна = љубов на прва голтка

Најинтересниот дел од винското уживање е неговото спарување со соодветно јадење. Правилното комбинирање на вино со храна е голем предизвик и обврска не само за професионалните сомелиери и готвачи, туку се повеќе станува и вистински моден тренд помеѓу винските љубители.

Скопскиот вински салон – Винодонија организира мастерклас на кој сомелиерот Александар Вучковски, како предавач, ќе понуди одговори за тоа кои се основните принципи на спарување вино со храна, на кои замки треба да внимаваме, колку сензорните карактеристики на винската сорта играат улога во процесот и како техниката и начинот на подготовка на јадењето влијаат врз вистинскиот избор на вино?

Ќе ги разбиеме некои од најчестите митови, но и ќе дообјасниме некои веќе прифатени навики и избори кога станува збор за виното и храната. Интересно теоретско предавање за сите вински и кулинарски ентузијасти, но и корисно потсетување за професионалците од угостителскиот сектор“, велат од Винодонија.

Овој мастерклас ќе се одржи в сабота, 20 декември, со почеток од 12 часот во хотелот Мериот во Скопје, во салата за средби Д (прв кат).

Картите се во ограничен број и може да ги купите на овој ЛИНК.

Поврзани вести