
Одамна е познато дека супата е здрав оброк, бидејќи го хидрира организмот, го снабдува со есенцијалните витамини, минерали и влакна, го зајакнува имунитетот и помага во варењето, а најдобра е ако е домашна, богата со зеленчук и месо со коски. Таа е и еден од најстарите народни лекови за настинка, што е особено важно во овој период од годината.
И старогрчкиот лекар од времето на Перикле, кој ги создал етичките принципи врз кои се темели медицинската доктрина, верувал во лековитите моќи на природата. Па, дали сте знаеле дека освен позната заклетва, постои и Хипократова супа?
Иако не е утврдено дали таткото на медицината го смислил ова јадење или само го нарекле по него, станува збор за многу здрав и хранлив рецепт што вреди да го пробате.
Хипократовата супа, која е дел од таканаречената Герсонова диета каде што се смета за главно предјадење, има моќ да го зајакне имунолошкиот систем, да го подобри варењето и да го прочисти телото од токсини, снабдувајќи го со силни антиоксиданси. Доволно е да се спомене дека содржи три вида кромид, целер, магдонос, а покрај тоа, во светот е позната како вкусен оброк кој помага во превенцијата и лекувањето на многу болести, дури и на оние што се канцерогени.
Состојки:
1 среден корен од целер или 3-4 големи стебленца
1 среден корен од магдонос
1 голем морков
3-4 чешниња лук
1 праз
6 средни домати (околу 700 г)
2 главици кромид со средна големина
500 г компири
1 врзоп магдонос
вода
Приготвување:
Излупете ги кромидот и доматот. Немојте да ги лупите компирот, целерот, магдоносот и морковот, само добро измијте ги. Сето тоа исечкајте го на подебели парчиња, ставете го во тенџере и сипете вода колку да се покрие зеленчукот. Оставете го лукот во парчиња и додајте го пред самиот крај на готвењето. Кога супата ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе околу 2 часа додека биде готова. На крај, додајте домат.
Од зачини, можете да ставите мирудија, лавор, ким, анасон, коријандер, рузмарин, шафран, мајчина душица, малку сол, естрагон, жалфија, мајоран. Не користете оригано, бибер, црвен пипер, босилек. Зеленчукот можете и да го испасирате.
Според Герсоновата диета, за да постигнете најдобар ефект на детоксикација, Хипократовата супа би требало да ја консумирате двапати дневно.