Skip to main content

Посна бајадера за љубителите на чоколадо и ореви

Обожавате чоколадо и ореви? Оваа посна бајадера е совршена за вашата славска трпеза

Состојки:

250 г шеќер

1 кесичка бурбон ванила ароматизиран шеќер

250 мл вода

220 гр. посен маргарин

500 гр. мелена посна Плазма

300 гр. мелени ореви

250 гр. темно чоколадо

2 лажици масло

Во соодветен сад ставете ги мелените бисквити и мелените ореви.

Во тенџере соединете ги ванилиниот и кристал шеќерот, па прелијте со вода. Додајте исечкан маргарин и варете онолку долго колку што е потребно за состојките целосно да се растопат. Веднаш сипете ја смесата во садот со бисквитите и оревите. Измешајте добро додека не се изедначи, па поделете ја на два дела. Во едниот дел додајте 100 г стопено чоколадо и убаво измешајте. Смесата со чоколадо поделете ја на два еднакви дела, а истото направете го и со светлата половина. На тацна ставете прилагодлив калап со димензии 20 x 28 см. Наизменично редете темна па светла смеса. Преостанатото чоколадо стопете го со маслото и прелијте го колачот. Ставете во фрижидер и оставете најмалку 2–3 часа пред да го исечете на штангли со големина 2 x 5 см.