
Ако сте љубител на кечап, ова е вистинското нешто за вас.
Состојки
- 1 кг излупени домати
- 2 супени лажици шеќер
- 400 грама моркови
- 200 грама кромид
- 2 големи чешниња лук
- 4 лажички морска сол
- 3 лажички суво оригано
- 5,6 листови босилек
- 2 црвени пиперки
- 1 лажица сенф
- 1 целер
- 4дл вода
Подготовка:
На измиениот домат направете мал засек во облик на X и потопете го во врела вода неколку минути, потоа излупете го, кората ќе падне сама од себе. Изблендирајте. Додадете 4 дл вода, исечете го кромидот, морковите, пиперката, лукчињата и целерот на помали парчиња и гответе десет минути. Изблендирајте сè и додадете го ловоровиот лист ,сенфот, шеќерот и гответе на средна температура околу 15 минути. Додадете ги останатите зачини и гответе уште неколку минути, тргнете од шпоретот, извадете го ловорот и истурете во стерилизирани тегли.Пријатно!

Македонски


