Skip to main content

По четврти пат манифестацијата „Вкусете го Охрид локално“

Во организација на Слоу Фуд „Лихнидос“ од Охрид утревечер на плоштадот „Долна Порта“ ќе се одржи Четвртото издание на манифестацијата „Вкусете го Охрид локално“.

Како и изминатите изданија, и овојпат сите оние што од 19 часот ќе дојдат на манифестацијата ќе имаат можност да уживаат во дегустација на локални специјалитети и вина, промоција на домашни производи и занаетчиски изработки, демонстрации на традиционални занаети, сето збогатено со културно-уметничка програма со настапи на фолклорни ансамбли и наградна игра со локални производи.

Организаторите уверуваат дека настанот ќе понуди незаборавно доживување под отворено небо, посветено на промоција на локални производи, традиционална гастрономија, занаетчиски вештини и културното наследство на Охридскиот регион.

Манифестацијата е поддржана од Општина Охрид и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и има за цел да ги зајакне локалната економија, автентичната гастрономија и женското претприемништво.

Поврзани вести