Skip to main content

Плетенка мека и вкусна, се кине низ прсти на тенки конци

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 100 мл топла вода, 100 мл топло млеко, 2-3 лажици шеќер, 6 г сув квасец (1 лажичка), 450 г пченично брашно, 1 лажичка сол, 2-3 лажици масло.

За премачкување: 1 жолчка од јајце + малку млеко. За декорација: сусам или некои други семки.

ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете половина шолја топла вода и половина шолја топло млеко. Малку промешајте, па додајте 2-3 лажици шеќер, 1 лажичка сув квасец и 1-2 лажички од целокупната количина на брашно.

Се остава да се активира квасецот додека да запени, за што е потребно 2-3 минути. Важно е тестото да го подготвувате во топла просторија за убаво да нарасне.

Кога квасецот ќе се надигне и ќе се активира постепено додавајте го просеаното брашно. По додавање на мала количина се замесува средно меко тесто кое не лепи на раце.

Потоа, додајте повторно брашно со малку сол и така додека да добиете убаво тесто и да ја потрошите целата количина брашно. На замесеното тесто додајте малку масло и домесете го уште малку, додека да се впие.

Тестото се остава да одмора додека целосно да нарасне на топло место.

Потоа го делите на три еднакви дела. Секој дел се обликува во топче и се оставаат да отстојат уште 15-тина минути на топло место.

По изминатото време, секое топче се растегнува малку со прстите, па се развлекува со оклагија во елипсовидна форма.

На овој начин се подготвуваат сите три теста. Потоа, од секое долгнавесто тесто, од подолгата страна се витка во тенок, но цврст валјак (како што е прикажано на фотографијата). Спојте ги валјаците од едниот крај, така што ќе ги залепите и притиснете.

Па, потоа исплетете плетенка, нежно, внимателно, без притискање. Плетенката ја префрлате во тепсија или калап, обложен со хартија за печење.

Се остава да нарасне под крпа уште 15-20 минути, додека рерната да се загрее на 190 степени.

Готовата погача се премачкува со разматена жолчка на која сте додале 2-3 лажици млеко, а одозгора се наросува со сусам, сончоглед или нешто по желба.

Потоа се пече на приближно 25-30 минути, додека да зарумени.

Поврзани вести