Skip to main content

Пелте – заборавен турски десерт, за кој не ви треба ни грам шеќер

Ви откриваме рецепт за заборавениот турски десерт – пелте

Состојки: (мерката е чаша од 200 мл)
2,5 чаша ладна вода
1 чаша џем од јаболка (ако не сакате да е толку слатко, може да употребите пола чаша)
пола чаша брашно
За преливот:

50 г путер
околу 1 чаша крупно мелени ореви
Приготвување:

Во тенџере сипете вода, па додајте чаша џем и брашно. Сето тоа добро измешајте го за да се разбијат грутките. Префрлете го тенџерето на оган и внимателно мешајте до точка на вриење, па мешајте уште 2-3 минути додека се зготви.

Префрлете ја смесата во тепсија и оставете да се олади. Одозгора додајте стопен путер и сечкани ореви.

Совет:

Откако ќе додадете брашно, добро промешајте за да добиете хомогена смеса, а потоа ставете ја на шпорет. (Нема да се создадат грутки)

Најдобро е да го послужите десертот ладен или млак.


Извор: Убавина и здравје