
Сочно и воздушесто.
Ќе ви треба:
600 г брашно
250 мл млако млеко
10 г сув квасец
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 јајце
130 мл сончогледово масло
За премачкување:
1 жолчка од јајце
2 лажици јогурт
сусам
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Растворете го квасецот и шеќерот во млако млеко и добро измешајте. Потоа оставете околу 10 минути да се активира. Во голем сад измешајте ја солта и брашното, потоа додадете го јајцето, нараснатиот квасец и маслото и замесете мазно тесто. Месете околу 10 минути, потоа покријте го на топло место за да нарасне. Потоа поделете го на неколку еднакви топчиња, потоа расукајте ги во кругови и премачкајте ги со растопен путер. Потоа исечете ги на триаголници и расукајте ги во ролни. Потоа наредете ги на обложен плех за печење и оставете ги уште 20 минути да се одморат. Потоа премачкајте ги со изматена жолчка од јајце и млеко и наросете ги со сусам. Печете ги ролните околу 20 до 25 минути, додека не поруменат. Конечно, покријте ги со чиста кујнска крпа за да омекнат.

Македонски


