Skip to main content

Во сон замина легендарниот Кили

Инфаркт во сон е причината за смртта на познатиот македонски актер Кирил Поп Христов-Кили. Легендарниот глумерц живееше на Еквадрм, каде и почина на 58 годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга, познатата кореографка Гордана Деан Поп-Христова.

Кили живееше во Еквадор од 2014 година со сопругата и ќерката.

Роден е на 30 јули 1967 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 г. Од 1993 г. до 2014 г. работеше во Македонски народен театар – Скопје, а во 2018 година повторно се врати на истата сцена. Негова последна улога на матичната сцена беше Дон Хусман во „Свадбата на Фигаро“, од 2011 година.

Кили на сцената на неговиот матичен театар играше во претставите:

– Антинор (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ;
-Пејач (Мара /Сад, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов;
(Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин;
-Мик (Домар, 2004), автор: Харолд Пинтер, режисер: Трајче Ѓоргиев;
-Крсто (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ;
-Џиги (Павилјони, 1999), автор: Милена Марковиќ, режисер: Кристијан Ристевски;
-Џокер Мори Шербијак (Бетмен враќањето на црниот витез, 1999), автор: Кристијан Милер и Кристијан Ристевски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ;
-Осман бег (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски;
-Микољка (Злосторство и казна, 1994), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Егон Савин, продукција;
-Стево (Бунт во домот за старци, 1994), автор: Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, ј;
-Срета (Народен пратеник, 1993), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитрие Османли;
-Јохансон (Соната на сеништата, 1992), автор: Август Стриндберг, режисер: Стојан Стојановски;
-Александар Македонски (Крик, 1991), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин;
-Ѓурко (Зора на истокот, 1991), автор: Горан Михиќ, режисер: Ацо Алексов;
-Принцот Едвард (Ричард трети, 1990), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Рахим Бурхан, Македонски народен театар;
-Петар (Гнев Божји, 1990), автор: Жанина Мирчевска, режисер: Слободан Унковски;
(Рави, 1989), автор: Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски;
-Илија (Антица, 1988), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев;
-Еди (Луди за љубов, 1988), автор: Сем Шепард, режисер: Даниел Тавчовски;
-Мишка (Ревизор, 1987), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев;
-Пијанистот (Баал, 1987), автор: Бертолд Брехт, режисер: Владимир Милчин.

Кили одигра и важни улоги на филм:

(Еј, 2018), автор и режисер: Васил Христов;
-Глас (Скопје Ремиксд, 2012);
-Паша (Панкот не е мртов, 2011), автор и режисер: Владимир Блажевски; (Самитот на шаманите, 2006), режисер: Александар Станковски;
-Цоро (Бал-кан-кан, 2005), автор и режисер: Дарко Митревски;
(Збогум на дваесетиот век, 1998), режисери: Дарко Митревски и Александар Поповаки;
-Чувар во кампот (Преку езерото, 1997), режисер: Антонио Митриќески;
-Младич (Нечиста крв, 1996), автори: Славен Радовановиќ и Борислав Станковиќ, режисер: Стојан Стојќиќ;
-Дамјан (Македонска сага, 1993), автор: Симон Дракул, режисер: Бранко Гапо;
-Исус (Тетовирање, 1991), автори: Мирко Ковач и Столе Попов, режисер: Столе Попов;
(Марика лета со авион, ТВ филм, 1988), автор и режисер: Борис Дамевски;
(Пикасо, ТВ филм, 1987), автор и режисер: Аљоша Симјановски.

Го гледавме во ТВ сериите:

Досие Скопје, документарна ТВ серија, 2000
Во светот на бајките, „Трите светски камења“, 1995;
Македонски приказни, „Христос и комарџијата“, 1992;
Трст виа Скопје, 1990;
Бумбари, 1989, режисер: Горан Тренчовски.