Skip to main content

Стенд-ап вечер со Мила Паниќ и Ангела Стојановска

На 4 декември, со почеток во 20:30 часот, во Јавна Соба ќе се одржи стенд-ап вечер во рамки на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО 13. Публиката ќе има можност да го погледне стенд-ап шоуто „Jokes“ на Мила Паниќ, уметница и комичарка родена во Босна, која живее и работи во Берлин. Како локална поддршка, на сцената ќе ѝ се придружи актерката Ангела Стојановска од Куманово. Билетите се достапни на www.drugastrana.mk. Сите собрани средства ќе бидат донирани за Support Kočani.

Мила Паниќ годинава го водеше Big Mouth comedy club во рамки на 13. Берлинско Биенале. Нејзиното шоу „Jokes“ е збир од шеги што истовремено предизвикуваат смеа и критичко преиспитување. Препознатлива по мрачниот хумор, остриот ум и ироничниот стил, Мила умешно ја извлекува публиката од комфорната зона, отворајќи теми поврзани со раселување, моќта и апсурдите на секојдневието. Нејзините панчлајни се политички наострени и потсетуваат дека хуморот може да биде моќна радикална форма на изразување. Настапот на Мила Паниќ ќе биде на англиски јазик.

Локалната поддршка, актерката Ангела Стојановска, ќе настапи со нов материјал кој, како што вели, можеби ќе ги допре темите на „реновирање“ – од домови и работни места до здравје, односи и сопствената личност. Во свој препознатлив стил, таа ќе го истражи прашањето дали навистина секогаш треба сè да се менува од корен – или понекогаш и не.

Настанот е дел од програмата на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13 и е поддржан од Kvinna till Kvinna, Амбасадата на Шведска во Македонија и Equality Fund.