Skip to main content

Со крпа во раце, Филип ја исчисти автобуска постојка „Капиштец црква“

Филип Ѓоргиев – лицето зад профилот „Кеса на 10“ направи убав гест, при што ја исчисти автобуската постојка „Капиштец Црква“ која беше исшарана со графити.

Во неговата објава на социјалните мрежи, тој вели: „Некои работи ги гледаме секој ден, само што веќе и не ги приметуваме“.

Филип редовно организира акции за собирање отпад на различни локации низ Македонија. Притоа, досега чистел во повеќе градови, меѓу кои и во Виница, а собираше отпад и од дното на Охридското Езеро.

Поврзани вести