
„Патуваме низ историјата. Реалноста е дека тоа не е метро станица, тоа е музеј. Археолошко наоѓалиште“, порача еден од новинарите што присуствуваше на првото влегување во новата метро станица во Рим, непосредно до славниот Колосеум.
Новата станица според описите изгледа спектакуларно. Во неа се изложени сите археолошки предмети што беа ископани за време на градењето на станицата што траеше 10 години и сега се сместени во стаклени столбови.

Македонски






