Приказната за четиригодишниот Рајан Хамос од САД, кој тврди дека е реинкарнација на холивудска личност, го потресла научниот свет.
Приказната за четиригодишниот Рајан Хамос од САД, кој тврди дека е реинкарнација на холивудска личност, го потресла научниот свет и ја отворило вратата за интересни дискусии за минатите животи. Рајан, гледајќи ја фотографијата на актерот Џорџ Рафт со непознат маж, изјавил: „Тоа сум јас!“. Тој момент поттикнал низа настани што довеле до неверојатно детални описи на неговите сеќавања за неговиот наводен живот во Холивуд.
Од дружење со Рита Хејворт до застрашувачки кошмари
Мајката на Рајан на почетокот не обрнувала многу внимание на неговите приказни, но нејзиниот скептицизам исчезнал кога момчето почнало да го опишува дружењето со актерката Рита Хејворт и настаните што се случиле долго пред тој да се роди. Рајан зборувал за живеење во луксузна бела куќа со базен, детали за патување и работа во Холивуд.
На петгодишна возраст, Рајан почнал да има кошмари во кои врескал дека „срцето му експлодирало во Холивуд“. Ова ја поттикнало неговата мајка да побара помош од д-р Џим Б. Такер, психијатар и професор на Универзитетот во Вирџинија, кој проучувал случаи на деца со спомени од минатиот живот.
Реинкарнација на холивудски агент
Со помош на експерти, д-р Дим Такер открил дека описот на Рајан за неговиот минат живот се совпаѓа со оној на Мартин Мартин, холивудски агент кој починал во 1964 година. Мартин прво бил непознат актер, а подоцна станал успешен ловец на таленти и танчер на Бродвеј.