Skip to main content

Аца Лукас уапсен среде настап во локал во Кавадарци

Популарниот српски турбо фолк пејач Аца Лукас гостуваше во познат кавадаречки локал, а настапот кој на почеток минувал во одлична атмосфера, бил прекинат околу полноќ, од страна на полициски службеници, објавија повбеќе веб портали.

На социјалните мрежи веќе се споделуваат и видео снимки, на кои се гледа пејачот како заминува од локалот во присуство на полиција, а додека оди со полицајците, се обидува нешто да им појасни.

Официјални детали за настанот се очекуваат во тек на ден од страна на надлежните институции.

Инаку, веќе е најавен голем концерт на Лукас во Скопје, во Арена Јане Сандански на 20-ти декември.

Поврзани вести