Прославата на нашиот 25-ти роденден. Ќе има музика, дружење, гејмање и многу подароци!![]()
25 години постоење =
25 подароци од сѐ што имаме во Гоблин
25 специјални роденденски маици
25 ваучери со попуст
25 декови Magic: The Gathering
Гоблин друштвени игри е приказна што ја почнаа тројца другари од детство во 2001 година, љубители на друштвените игри, беше прва сѐ уште е единствена специјализирана продавница и дистрибутер за друштвени игри и сложувалки во Македонија.
Целта беше не само да се создаде продажен простор, туку и простор за дружење и цела заедница околу Гоблин, и по 25 години и многу успешни настани веруваме дека успеавме на тој пат. Екипата и пријателите на Гоблин редовно учествуваат и на меѓународни натрпревари и светски првенства во различни друштвени игри…Catan, Magic: The Gathering, Yu-Gi-Oh!…
Понатаму продолжуваме со уште повеќе настани, турнири и дружења, уште многу игри преведени на македонски јазик и издигнување на македонската гејминг заедница на уште повисоко ниво. Новите генерации на играчи кои почнаа како „децата на Гоблин“, сега продолжуваат по својот пат и ја шират љубовта кон друштвените игри на новите деца на Гоблин 🙂
Недела | 12 до 18 ч.
Лабораториум (https://maps.app.goo.gl/8cc2aWwnbEVhFHny5)

Македонски



