
Трагедијата во Кочани каде што загинаа 59 лица во пожар, го потресе целиот регион, а пораки за поддршка пристигнаа од сите страни.
Помеѓу бројните објави што ги споделуваат луѓето кои изразуваат солидарност и сочувство, една фотографија особено се издвои и стана вирална како симбол на тагата, но и на единството на луѓето од поранешна Југославија.
Нејзин автор е графичкиот дизајнер Дејан Медојевиќ од Подгорица, а оваа негова слика на Инстаграм собра речиси 10.000 реакции. Ова дело на кое е прикажана карта на поранешна Југославија, Сонцето како национален симбол на Македонците и стихот на Оливер Драгојевиќ „без тебе сонцето ќе исчезне“, се рашири и на други социјални мрежи.
Кој барем еднаш бил во Македонија, знае дека тие луѓе зрачат со некоја необична топлина и срдечност. Во еден ресторан добивме посебен третман, откако дознаа дека сме од Црна Гора. Сонцето не е само нивен симбол. Оваа најава или порака, освен обид да се даде некаква поддршка во тешки времиња, има и подлабоко значење, вели Медојевиќ на почетокот на интервјуто за порталот Novidani.com.