
На 20 март започна нова астролошка година, односно добивме уште една можност да свртиме нова страница, а универзумот ќе ни помогне во тоа. Доколку долго сте барале охрабрување за да започнете поуспешно животно поглавје, сега е совршеното време да бидете проактивни, бидејќи астролошките сили се најмоќни.
Покрај тоа, почетокот на новата астролошка година го означува и почетокот на сезоната на овенот, што нуди можност да направите планови за следната година. Исто така, во овој момент енергијата на помрачувањето е исклучително силна, што значи дека гласот на интуицијата повторно ќе стане важен мотив.
Познато е дека енергијата на новата астролошка година се чувствува уште пред таа да започне, но особено е моќна во првите денови. Астролозите предвидуваат дека 3 хороскопски знаци ќе добијат неочекувана можност за напредок уште кон крајот на неделава.
Овен
Новата астролошка година започнува во знакот овен, што значи дека сите очи на универзумот сега се вперени токму во вас! Сега е време да се ослободите од старите навики и храбро да зачекорите во новото поглавје. Неочекувано ќе ви се појават можности за работен успех или нов почеток во вашиот љубовен живот – само бидете подготвени да ги препознаете и искористите.
Лав
На лавовите им се отвораат врати за нови можности во областа на кариерата и финансиите. Ако веќе некое време планирате да ја промените работата, нов проект или сопствен бизнис, сега е време за акција. Страсната енергија на овенот ви дава храброст и самодоверба, а важно е да верувате во своите способности. Можностите што ќе ви се понудат може да ве изненадат, но тие се токму тоа што ви треба за да растете и напредувате.
Стрелец
За стрелецот ова е период на важни животни искуства и нови авантури. Можеби ќе добиете неочекувани вести што ќе ве поттикнат да патувате, студирате, дури и да се преселите. Отворете си го умот за нови перспективи, бидејќи она што ќе го започнете сега, може долгорочно да ви го обликува животот во позитивен правец. Вашата интуиција е исклучително засилена, па слушајте го својот внатрешен глас – тоа ќе ве одведе на вистинскиот пат.