Skip to main content

Ова се најсреќните денови во февруари за секој хороскопски знак

Freepik

На наведените датуми фокусирајте се на она што сакате да го остварите, без разлика дали станува збор за љубовта, кариерата, финансиите или личниот развој. Тие денови ѕвездите ќе ви бидат наклонети, а вам ви преостанува да ја искористите шансата што ви се нуди.

Еве кои датуми во февруари ќе бидат особени среќни за секој хороскопски знак…

Овен – 20 февруари
Овој ден ви носи комбинација од силна волја и инспирација, што значи дека тоа е идеално време за конкретизација на плановите и старите идеи што сакате да ги претворите во реалност.

Бик – 22 февруари
Месечината овој период создава поволни аспекти што поттикнуваат стабилност и емотивна јасност, па ова е одличен момент за решавање финансиски прашања или унапредување на личните односи преку искрена комуникација.

Близнаци – 1 февруари
Полната месечина во лав на почетокот од месецот го осветлува вашето поле на креативност и видливост, што ви олеснува да се истакнете и да добиете признание за тоа што го правите.

Рак – 10 февруари
Влегувањето на Венера во риби ги засилува емпатијата, поврзаноста и емоционалната поддршка, па тоа е ден кога ќе се чувствувате интуитивно ускладени со другите, што може да доведе до важни емоционални продори.

Лав – 1 февруари
Полната месечина во знакот на срцето и креативноста ви носи посебна видливост и шарм, што се одразува преку социјални успеси и убави мигови во љубовта или творештвото.

Девица – 16 февруари
Ова е ден кога Меркур прави хармоничен аспект со Јупитер и дава одлични можности за проширување на знаењето, учење, но и напредок во комуникацијата и договорите, особено во кариерата.

Терезија – 17 февруари
На денот на помрачување на сонцето во водолија, може да доживеете ресет во важните односи, додека кармичките врски и долгорочните соработки ќе излезат на површина – тоа може да биде важен пресврт.

Скорпија – 10 февруари
Венера во риби носи интензивна емотивна енергија, која ви помага да ги унапредите врските и да ја продлабочите интимноста, па ова е поволен момент и за креативно изразување.

Стрелец – 17 февруари
Помрачувањето на сонцето ви помага да се ослободите од старите навики и да поставите нови темели за учење, патувања и проширување на видиците, поради што 17 февруари е ден кога прогресивната енергија дејствува во ваша корист.

Јарец – 16 февруари
Меркур со Јупитер на овој ден ја зголемува можноста вашите планови и преговори да дадат резултати, поради што ви претстои поволен момент за финансии и стратешки чекори.

Водолија – 17 февруари
Помрачувањето на сонцето во водолија се случчува директно во вашиот знак и може да означи почеток на нов циклус, поради што внимателното поставување на целите и искрениот пристап кон вашите амбиции ќе ве одведат кон поголема јасност и напредок.

Риби – 10 февруари
Венера во вашиот знак ги засилува магнетизмот, емпатијата и привлечноста, па ова е идеален ден за љубов, уметност, но и за поставување јасни граници во односите што вреди да ги одржувате.

Поврзани вести