Нашиот премиер Христијан Мицкоски му ја честиташе победата на Доналд Трамп и ова е можеби слободно да се каже, едно од најголемите враќања во историјата на политиката. Доналд Трамп дојде од бизнис сверата како слободен стрелец, Републиканската партија со многу негодувања едвај го прифати, но народот го обожаваше. Кај нас луѓето во Македонија мразат успешни и богати луѓе. Во Америка напротив, ги сакаат. Затоа и Доналд Трамп зема го Елон Маск. И Елон Маск го мразат Македонците. Затоа што е богат и успешен. Македонецот не верува дека некој може чесно да се збогати. Ама затоа почитуваат ликови како што се Трифун, Свето, Мукаетов… кои ги водат најголемите бизниси во Македонија, а сето тоа е од нешто кое ние сме го изградиле. Но, бизнисмени како Орце Камчев кои од нула изградиле сопствено нешто ги ние мразиме. Такви луѓе во Америка ќе бидат славни, ќе бидат барани да раководат со земјите заради нивната способност да ја проектираат.

Доналд Трамп е токму таков, затоа е и чуден. Има менаџерски, а не политички пристап, со лигавење. Да, не е пријатен кога зборува, не е тоа политички бон-тон и речник, како што ние сме научени на комуњариве и сороспиите. Донал Трамп победи затоа што на американскиот народ му збоктиса. И не можам да не повлечам паралела со македонскиот народ. Многумина се прашуваат зошто победи ВМРО, зошто изгуби СДСМ. Како не ви е јасно?! Лажење, крадење! Тоа е тоа. Истото се случуваше и во Америка, таму на едно малку повисоко ниво. Таму се финансираат војни и тие огромни пари од провизии идат во приватни џепови. Ако на Украина и одобрија во меѓувреме и одобриле три четири или пет милијарди долари и и ги исплатиле, рачунајте дека пола од тие пари се во приватни џепови, кај дилерите на оружје, а тие пак плаќаат на одредени политичари и партии кои им го овозможиле целото тоа. Ги викаме Американците глупи. Поглуп народ од Македоците нема. Македонците покажаа дека можат многу долго да бидат манипулирани. И Американнците ги манипулираат, ама многу пократко – вели Јанко Илковски во својата видео-колумна Слушај ваму, што ја прави во соработка со „Република“.

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.