Skip to main content

Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати

Фото: Freepik

Ѕвоната на катедралата Нотр Дам во Париз денеска се огласија 88 пати во знак на сеќавање на папата Франциск, кој изутрината почина на 88-годишна возраст.

Во моментов се одржува миса во Нотр Дам, а градските власти вечер ќе ги изгаснат светлата на Ајфеловата кула во знак на сеќавање на папата.

Ватикан во видео-соопштение пред неколку часа објави дека папата Франциск почина на 89-годишна возраст. Папата Франциско беше првиот латиноамерикански врховен поглавар на Римокатоличката црква.

Папата страдаше од разни болести во текот на 12-те години што ги помина на чело на Римокатоличката црква. Во февруари тој беше примен во болница со тешка респираторна инфекција, каде што првично беше лекуван од бронхитис, а потоа му беше дијагностицирана билатерална пневмонија. Поради лекарски препораки, тој не ја предводеше вчерашната велигденска богослужба, туку се појави на крајот да го даде традиционалниот благослов.

Поврзани вести